Бесплатно испитување на остеопороза во аптека на Зегин

24.06.2024 11:21 | KumanovoNews

Утре и задутре, вторник и среда, во аптеката на Зегин на ул.„Гоце Делчев“ бр.43, кај кружниот тек кај Комодита, ќе се врши бесплатно испитување на  остеопороза.

Бесплатно испитување на остеопороза во аптека на Зегин

Од компанијата ги повикуваат сите граѓани кои сакаат да извршат беспатно испитување да дојдат во период од 10 до 18 часот, без предходно закажување и најава.
 
Остеопороза е болест на коските која се развива кога се намалува минералната густина на коските и коскената маса, или кога се менува квалитетот или структурата на коската. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk