Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на дијабетичери од Куманово, во петок организира бесплатно мерење на нивото на шеќерот во крвта на граѓаните во населбата „Гоце Делчев“.
Акцијата ќе се одржи во новите простории на Здружението на пензинери, а се однесува за жителите на населбите Гоце Делчев, Зелен рид, Проевце и Бабин Дол.
„Ги повикувам сите граѓани, независно од старосната граница, кои досега не вршеле проверка на нивото на шеќерот во крвтта да дојдат и да гоо направат тоа. Акцијата започнува во 12 часот“, - вели Стефан Јовановски, претседател на здружението.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk