Бесплатно мерење на шеќер во „Тоде Мендол“

26.05.2016 12:09 | KumanovoNews

Здружението на дијабетичари, утре организира акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта.

Бесплатно мерење на шеќер во „Тоде Мендол“

Акцијата ќе се одржи во просториите на м.з. „Тоде Мендол“ со почеток во 10 часот. Од здружението ги повикуваат сите заинтересирани пензионери и граѓани да се приклучат на акцијата и да го проверат своето здравје.

Вчера членовите на Здружението на дијабетичари беа во еднодневна екскурзија на манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk