Бесплатно зимување за деца од сиромашни семејства

22.12.2014 08:55 | KumanovoNews

Во Центарот за социјални работи Куманово, до крајот на декември може да се поднесуваат барања за бесплатно зимување на деца од загрозени семејства.

Бесплатно зимување за деца од сиромашни семејства

Oваа услуга може да ја користат деца од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, детски додаток, родителски додаток, децата без родители и родителска грижа и деца корисници на посебен додаток, родени во период од 2000 до 2004 година, односно деца редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2014/2015 година.

Услугата ќе се користи во текот на зимскиот распуст во смени од по 6 дена, во некој од зимските туристички центри. Услугата на бесплатен одмор и рекреација за деца опфаќа 5 полни пансиони, едукативни, забавни и спортски активности.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одморот.

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар за социјални работи до одмаралиштето и обратно ќе биде организиран.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk