Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Без сообраќаен знак за опасност и предупредување за внимателно движење на возачите и пешаците, денеска се поправаше улицата „Димитар Влахов“ покрај Стара Црква.
Додека машините работеа на раскрсницата, на улицата „Пионерска“ од страната на „Октомвриска револуција“ и од “Ленинова“ немаше поставен сообраќаен знак за работа на пат, или за пренасочување на сообраќајот.
Поради тоа на улицата се создаде сообраќаен метеж, дел од автомобилите се провлекуваа помеѓу машините, а дел се враќаа во рикверц, бидејќи не може да продолжат кон „Димитар Влахов“.
„Како можат да работата без да постават знак, да ја затворат улицата и да го пренасочат сообраќајот. Ова е многу небезбедно и за работниците и за возачите и пешаците“, коментираат граѓаните.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk