Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Без проблеми поминува првиот ден од полагањето на државната матура во четирите средни училишта во Куманово.
Денеска учениците полагаа мајчин јазик како задолжителен предмет.
Во Гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 247 ученици, во гимназијата „Сами Фрашери“ полагаат 269 ученици, во eкономското „Перо Наков“ 165 на македонски и 132 на албански јазик, во земјоделското „Киро Бурназ“ 10 ученици на македонски и седум на албански, во техничкото „Наце Буѓони“ полагаат 135 ученици од македонските паралелки и 204 од албанските.
Навреме и без проблеми се одвива полагањето на матурата и во останатите средни училишта.
На 9 јуни, матурантите ќе полагаат математика, на 13 јуни странски јазик, а на 15ти јуни, физика, хемија, биологија, историја, филозофија и естетика.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk