Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По 21 ден одмор, денеска за учениците од oсновните и средните училиштa во Куманово започна второто полугодие од учебната 2019/2020 година.
Раководителот на Секторот за образование на Општина Куманово, Жика Крстевски вели дека второто полугодие од учебната година започнува без проблеми во однос на наставата и техничките услови во сите училишта.
- Она што во овој период е најбино е загревањето на просториите во училиштата, системите за греење на сите училишта се во функција, дали се на нафта, гас или дрва, така што немаме проблем во однос на затоплување на училиштата. Покрај одморот, имаше и подготовки, кои преку Бирото за развој на образованието се организраат за стручна подготовка на наставниот кадар, за новата програма, односно она што треба да се реализира во текот на второто полугодие и од нашите сознанија и проверки коишто ги направивме утринава се` е на свое место и можеме да очекуваме успешно одвивање на самиот процес до крајот на оваа година,- вели Крстевски.
Во моментот, наставата во училиштата во Куманово ја посетуваат 15.400 ученици, од кои 5.100 се во средното образование, додека 10.300 се во основно образование.
Во последниве години постојано се забележува пад на запишаните ученици, како резултат на иселувањето кое со години наназад и` се случува на нашата држава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk