Без струја цели реони, населби и села

24.10.2024 08:09 | KumanovoNews

Без електрична енергија денеска ќе останат потрошувачите на повеќе делови од градот, приградски населби и села во Куманово и Липково. 
 

Без струја цели реони, населби и села

Oд 08 до 14.00 часот струја ќе нема на ул. 11 Ноември, делот околу поранешна касарна Карпош.

Од 08.55 до 11.00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат: ул. Индустриска казино Ал, ул.11 Октомври и тоа: поранешна Кока, Здружение на возачи,  Кит Го, Кипер, касарна Боро Менков, бензинска пумпа Трго Тим, бензинска пумпа Твинс, силоси Железничка Станица, бензинска станица Лук Оил на автопат, улиците: Ибе Паликуќа, Ристо Романовски, Јован Поповиќ, с.Черкезе, нас.Железничка Станица, Железничка станица Куманово.

Од 10.00 до 13.00 часот без струја ќе остане нас. Карпош улиците: 30, 31, 32, 33, 34, 35, 36, 37, 38, 39, 40, 41, 42 и 43.

Од 11.05 до 13.00 часот, пумпи за вода Бедиње, станица за технички преглед Југо Фер Бедиње, с.Опае, склад за нафта с.Ваксинце, и селата Слупачне, Алешевце, Извор, Руница и Белановце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk