Без струја делови од градот и повеќе села во Старо Нагоричане

22.03.2024 07:22 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска /22.03/ ќе имаат две кумановски наслеби и повеќе села во општината Старо Нагоричане.

Без струја делови од градот и повеќе села во Старо Нагоричане

Од 08.00 до 14:00 часот исклучени ќе бидат потрошувачите во населбата Добрешане: ТС Интерштеп, Пумпна станица, ТС Нако Шус,објект на прочистителна станица.

Од 09.00 до 16:00 часот струја ќе нема на ул. Индустриска, објекти во поранешна ф-ка Амбалажа.

Oд 09.45 до 14:00 часот без електрична нергија ќе бидат селата: Пелинце, Граничен премин Пелинце, Челопек, Алгуња, Муталово, Четирце, поранешно лозарство во Табановце, Карабичане, Никуљане, Коинце и Враготурце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk