Без струја делови од неколку населби и села

19.07.2023 08:05 | Сузана Николиќ

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат потрошувачите на неколку населби и села, а утре дел од градот на ул. Моша Пијаде.

Без струја делови од неколку населби и села

Денеска во периодот од  08.00 до 12,00 часот струја ќе намаат  дел од корисниците на зградата на ул. Ѓорче Петров на влез во нас. Перо Чичо, спроти локалитет Коки Проширење.

Во периодот од 08.00 до 16. 15 часот дел од жителите во селата Лопате и Опае.

Од 09.00 до 13.00 часот дел од село Зубовце.

Од 09.00 до 13.30 часот без струја ќе остане дел од Долно Којнаре, кај надвозникот на сервис Бате.
 
За утре има најава за прекини со електрична енергија во периодот од 07.45 до 09.30 часот во селото Коинце-пумпи, и

Од 09.00 до 14.00 часот дел од ул. Моша Пијаде, по детската градинка и кружен тек во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk