Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Потрошувачите на повеќе улици во Општина Куманово денеска и утре ќе останат без електрична енергија.
Според информации од РЦУК, поради планирани зафати на електро-дистрибутивниот систем денеска без напојување со електрична енергија во периодот од 8 до 15 часот ќе бидат дел од улиците: Видое Смилевски Бато, Љубица Михајловиќ, Иван Горан Ковачиќ, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Рајко Жинзифов.
Од 9 до 15 часот струја ќе немаат потрошувачите на дел од улицата Бошко Буха, а од 9 до 11 часот селото Градиште.
Од ЕВН најавуваат дека утре (30.01.) поради планирани зафати без електрична енергија од 8.15 до 15 часот ќе биде дел од булевар АВНОЈ, дел од улицата Видое Смилевски Бато, Васко Карангелевски, Тоде Думба, Теофан Економов, Драган Стопаревиќ и Панчевачка.
Во периодот од 9 до 15 часот струја ќе намаат корисниците на дел од ул. Биљановска.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk