Без струја денеска и утре делови од градот и населби

17.12.2024 08:40 | KumanovoNews

Планиран прекин на електричната енергија денеска и утре ќе има на повеќе локации во градот и во приградски населби. 

Без струја денеска и утре делови од градот и населби

Според ЕВН, денеска oд 07:30 дo 10:30 часот без струја ќе останата потрошувачите на улиците: Бошко Буха, Миле Зечар, дел од Народна револуција, Бајрам Шабани, Прозорска и Техничкото училиште.

Утре oд 08:30 дo 14:00 часот на улиците: АВНОЈ и дел од Тоде Думба.

Од 08:30 дo 11:30 часот во нас.Карпош делот околу бензинска станица Сателит и бензинска станица Сателит.

Од 12:00 дo 14:00 часот во нас.Карпош делот околу гробишта, ул.100, од ул.160 до ул.210, Термалифт, ресторан Фемили.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk