Без струја две улици и повеќе села во кумановско и липковско

17.02.2025 08:03 | KumanovoNews

Прекини во снабдувањето со електрична енергија, денеска и утре ќе имаат потрошувачите на две улици, и повеќе села во општините Куманово и  Липково. 

Без струја две улици и повеќе села во кумановско и липковско

Според ЕВН, поради планирани дефекти денеска без напојување со електрична енергија од 08.00 до 16.00 часот ќе бидат улиците Железничка и Индустриска, како и селата Двезенце, Ново Село, Черкези, Љубодраг, Ропаљце.

Утре на 18. февруари, од 07,30 до16,00 часот струја ќе нема во селата Умин Дол, Матејче, Виштица, Никуштак, Гошинце, Лукаре, Стрима, Рнковце, Пресница, Глажња и брана Липково.

Од 09.00 до15.00 часот без електрична енергија ќе бидат: плантажа Мармедика, Бетоњера Сити Бетон, Бензинска пумпа Мак Бенз, с. Костурник, Бензинска пумпа ИБ Петрол.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk