Без струја неколку населби и повеќе села

12.11.2024 08:20 | KumanovoNews

Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на неколку населби и повеќе села во кумановско.

Без струја неколку населби и повеќе села

Планирани прекини на електрична енергија, денеска /вторник/ од 07:45 до 14:00 часот во делот кај Филтер станицата,  касарната Боро Менков и деловните објекти околу неа, бензинска „Твинс Петрол“, Здружение за возачи, Железничка станица Куманово, нас. Железничка Станица, с.Черкезе.

Од 08:00 до 14:00 часот струја ќе немаат селата Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, Ропаљце.

За утре /среда/ прекини на електричната  енергија од 07:30 до 16:30 часот ќе има во селата: Мургаш,  Кутлибег, Пезово, К'шење и Кокошиње.

Од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе биде дел од булеварот Октомвриска револуција, зградите во близина на техно маркет Нико бои и лакови.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk