Без струја одделението за управни работи во Куманово

11.06.2018 10:15 | KumanovoNews

СВР Куманово ги информира граѓаните дека објектот во кој е сместено одделението за управни работи е без напојување со електрична енергија поради дефект.

 
Без струја одделението за управни работи во Куманово

Според ЕВН Македонија дефектот ќе биде отстранет до 15 часот.

 СВР Куманово ги информира граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за лични документи, дека ќе им  излезе во пресрет за да се стекнат со документите, веднаш по создавање услови за непречено функционирање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk