Без струја поширокото централо подрачје на Куманово

14.04.2025 12:12 | KumanovoNews

Поширокото централно градско подрачје во Куманово остана без струја поради оштетување на поземни кабли на две локации.

Без струја поширокото централо подрачје на Куманово

Екипите на ЕВН се известени и веднаш се излезени на терен, каде работат на санација на инсталацијата.

„„При изведување на работни активности од страна на друг субјект кој извршувал градежни работи за свои потреби, се искинати два подземни среднонапонски кабли кои се во сопственост на Електродистрибуција. Како резулатат на тоа, без снабдување со електрична енергија остана централното градско подрачје на Куманово.Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен за санација на дефектот“, информираат од ЕВН.

Нема информации на која локација се оштетувањата, ниту колку би требало да трае интервенцијата. Се работи за дефект од поголеми размери.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk