Без струја повеќе корисници во градот и селата

23.03.2017 09:05 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе имаат корисниците на неколку улици во централното градско подрачје, една приградска населба и неколку села во кумановско-липковскиот регион.

Без струја повеќе корисници во градот и селата

Од 08.30 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат улиците Дојранска, Х.Т. Карпош, Киро Фетак, Белградска, 1. Мај, Вера Циривири Трена, Сава Ковачевиќ и Ристовац.

Од 10 до 13 часот без струја ќе биде дел од населбата Тромеѓа.

 Во периодот од 8 до 16 часот без електрична енергија ќе останат селата Черкезе, Ропаљце, Љубодраг, Умин дол и Лукаре.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk