Без струја повеќе кумановски и липковски села

17.07.2018 06:03 | KumanovoNews

Без електрична енергија денеска ќе останат потрошувачите на повеќе кумановски и липковски села, и приградски населби.

Без струја повеќе кумановски и липковски села

 Според ЕВН, планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија од 09.20 до 11.30 часот ќе има во дел од селата, Студена Бара, Биљановце, Пчиња, Вакав, Новине и Бабин Дол.                                                                                                                                 

Во периодот од 11.30 до 13.30 без струја ќе останат потрошувачите на дел од ул. Никола Тесла и селата: Речица, Костурник, Режановце, Долно Којнаре и Кратовци.

Од 8 до 13 часот електрична енергија ќе нема и во дел од селата: Слупчане, Руница, Оризаре, Белановце и Извор.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk