Без струја повеќе населби и села

13.09.2018 07:59 | KumanovoNews

Денеска и утре без електрична енергија ќе останат потрошувачите на повеќе улици и населени места во кумановско-козјачкиот регион.

Без струја повеќе населби и села

Во периодот од 08 до 15 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Власто Радоњанин“ и „Васко Драгомански“. Од 08.30 до 15 часот дел од селото Романовце и од 10.30 до 12 часот селото Проевце.

За утре (14.09) во периодот од 15 до 16 часот без  струја ќе бидат селата: Старо и Младо Нагоричане, Кшање, Пезово, Мургаш, Клечовце, Биљановце, Пелинце, Никуљане, Четирце, Челопек, Жегљане, Степанце, Бајловце, Дренак, Орашац, Скачковц, Кучкарево и Градиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk