Без струја повеќе села и населби

29.08.2018 07:16 | KumanovoNews

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска и утре ќе има во повеќе села и населби во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Без струја повеќе села и населби

Денеска од 8 до 15 часот, планирани прекини ќе има во дел од селото Младо Нагоричане, во маалите Трендајловци, Ѓорговци, Бузовци, како и во селата Винце, Студена бара, Вакв и Пчиња.

Без напојување со електрична енергија утре од 8 до 12 часот ќе останат дел од липковските села Матејче, Липково Отла, Виштица, Никуштак, Стрима, Лукаре, Гошинце и Опае.

Планирани прекини за  утре од 11.30  до 13.30 часот ќе има на дел од улиците: Пролетерски Бригади, Шар Планина, Карл Маркс, Борко Тонев, Вардарска и Трст.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk