Без струја повеќе кумановски села

22.05.2023 07:48 | Сузана Николиќ

Поради планирани прекини во дистрибутивниот систем денеска без електрична енергија ќе останат повеќе кумановски села.

Без струја повеќе кумановски села

Според информацијата од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) во периодот од 08:30 до 10 часот без струја ќе бидат селата Косматац и Мургаш.

Од 8.30  до 11:30 часот селата Кутлибег, Пезово, Кшање ,Затвор Кшање и Кокошиње.

Од 12:15 до 1:30 часот селата: Габреш, Кучкарево, Градиште, Орман и Базна станица на Т-мобиле Градиште.

 За утре се најавува прекин од 08:35 до 14.00 часот во село Романовце.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk