Без струја повеќе населби и села во кумановско

18.08.2022 08:56 | Сузана Николиќ

Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во повеќе населби и села во Куманово и Старо Нагоричане. 

Без струја повеќе населби и села во кумановско

Според ЕВН, без електрична енергија во период од 09:00 до 09:30 часот ќе останат потрошувачите на населбите Проевце, Зелен Рид и Добрoшане, и во селата Шупљи камен и Орашац.

Во Доброшане во истиот период без струја ќе бидат: Донков млин, Ел.Пром, Игор97, Здружение на возачи и Технички преглед, Зафир, млекарница Бучен Козјак, Авто салон Велиновски, бензинска пумпа Детоил и Асвалтна база Ве груп.

Од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците од ул. Лесковачка - Пекара Ѓоше и зградите околу пекарата.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот зградите на Пиринска Македонија.

Од 08:00 до 13:00 часот струја ќе нема во селата Бељаковце, Горно и Долно Јачинце, Довезенце и Стрезовце.

Најава за прекини за утре (19.08.2022 година) од 08:30 до 10:0 часот, ќе има во дел од с.Ропаљце, млин во с.Ропаљце и фабрика за бетонски елементи во с.Ропаљце.

Од 08:15 до 14 часот, дел од потрошувачите во с.Младо Нагоричино, маало Брадиновци, маало Ѓорговци, маало Бузинци, маало Трендајловци и во село Војник Син – фи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk