Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Потрошувачите на дел од улицата „11 Октомври“ во Куманово денеска (сабота) ќе останат без вода за пиење поради реконструкција на водоводната мрежа.
Од ЈП „Водовод“ информираат дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 9 до 12 часот, поради спојување на новоизградената со постојната водоводна мрежа.
Без вода ќе бидат жителите на улицата „11 Октомври“, на потегот од раскрсницата со улицата „4 Јули“ до раскрсницата со улицата „11 Ноември“, како и околните улици кои гравитираат кон овој дел од градот.
Од претпријатието посочуваат дека реконструкцијата се спроведува со цел подобрување на водоснабдувањето за жителите, институциите и деловните објекти во овој дел од Куманово и апелираат до граѓаните за разбирање.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk