Без вода потрошувачите на 10 улици во градот

16.06.2021 07:26 | KumanovoNews

Поради интервенции на водоводна мрежа, денеска без вода во одреден период од денот ќе останат потрошувачите на 10 улици во градот.

Без вода потрошувачите на 10 улици во градот

Според соопштението на ЈП „Водовод“, нивните екипи денеска ќе работат на отстранување на дефекти на улиците: Ѓуро Ѓаковиќ, Драги Шутевски, Доктор Рибар, Цар Самоил, Тоде Думба, Орце Николов, ул. 159, нас. Карпош, ул. Веселин Маслеша, Благој Стефковски Гојчо и м.в. Стари Лозја.

По завршување на интервенциите водоснабдувањето ќе се нормализира.

(Фото. архива Кумановоњуз)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk