Бездомник од Скопје најден премрзнат и мокар на улица во Куманово

23.12.2023 08:37 | Сузана Николиќ

Гари Абдуш (34) од скопската населба Шуто Оризари, вчера во 14.10 часот бил пронајден премрзнат и мокар како лежи на улицата 11 Октомври во Куманово. 

Бездомник од Скопје најден премрзнат и мокар на улица во Куманово

По пријава од граѓаните лицето било пренесено во Полициската станица во Куманово, каде било сместено во една од просториите да се стопли. Самиот изјавил дека е бездомник.

Полицијата стапила во контакт со Центарот за социјални работи во Куманово, но бидејќи тоа не било во нивна надлежност затоа што се работи за лице од друга општина  преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) го контактирале скопскиот Центар за социјални работи да ја превземат понатамошната постапка.

„Добивме повратна информација од ЦУК дека СВР Куманово или Црвен Крст ќе го пренесат лицето за Скопје. Во меѓувреме во 17.37 часот не известија дека лицето се освестило и се стоплило, по што одлучило самоволно да си оди за Скопје во Шутка каде имало свои роднина, и отишло на Автобуска станица“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи во денешниот извештај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk