Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дигитализација на Наш Весник, промоции на книги, државни награди и популаризација на книгата се главните активности во годинешната програма за работа на библиотеката „Тане Георгиевски“ Куманово.
За таа намена оваа општинска установа ќе потроши околу 950.000 денари, од кои 715.000 денари добиени од блок дотации и 228.000 денари сопствени средства.
-Оваа година библиотеката ќе започне и со дигитализација на најстариот весник во градот Наш Весник. Откако ќе се заврши оваа активност проектот ќе продолжи и на другите весници, - изјави директорот Марјан Петковски.
Дигитализацијата е со цел да се сочуваа архивата од целосно пропаѓање.
Програмата беше усвоена на денешната седница, а советниците дадоа подршка и на измената за начинот за избор на директор, по барање на Министерството за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk