Библиотеката ќе набави нови лектири и белетристика

10.12.2014 12:02 | KumanovoNews

Градската библиотека “Тане Георгиевски“ деновиве ќе набави нови лектири и слободна литература.

Библиотеката ќе набави нови лектири и белетристика

Се работи за 169 лектирни наслови, односно 1565 книги и белетристика и книги за деца над 500 наслови, односно 1500 книги.

“Веќе набавуваме нови книги, лектири, белетристика, стручна литератира, сликовници итн. Лектирите се за основно и средно училиште на македонски и албански јазик. Се збогатува фондот со белетристика, со најновите изданија кои се издадени по последниот Саем на книгата. Се што е ново, се што бараат читателите купуваме уште некој примерок за да ги задоволиме потребите. За најмладите има над 500 сликовници, за учениците од вторите одделенија кои сега ги изучиле буквите, и нив по традиција ги запишуваме бесплатно во библиотеката“- вели Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

Библиотеката традиционално три пати годишно прави набавки на нови книги.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk