Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека „Тане Георгиевски“ пред Нова година направи голема набавка на книги.
Набавени се 506 нови наслови односно 2240 книги од најреномираните издавачи. Се работи за нова и актуелна литература, бестселери, љубовни романи, трилери, стручна и литература за деца.
Верувам дека сите читатели ќе најдат книга по свој вкус. Има книги на македонски, албански, англиски, српски јазик. За сите корисници на библиотечните фондови, од најмалата возраст како што се сликовници за најмладите па се до стручни книги. Книгите се во тек на обработка и повеќе од половина веќе се обработени и голем дел од нив веќе се позајмени од нашите читатели - вели Нада Ивановска, директорка на „Тане Георгиевски“.
Таа се надева дека до крајот на месецот сите нови книги ќе бидат обработени и читателите ќе можат да ги зајмуваат.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk