Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека “Тане Георгиевски“ наредната година ќе организира промоции, литературни читања, ќе одбележи 70 години постоење, Месецот на книгата и ќе набави нови наслови.
За купување на нови книги ќе бидат потрошени повеќе од 350.000 денари.
„Ќе има разни форми на популаризација на книгата преку промоции, трибини, гостување на поети, литературни читања и многу нови активности, посебно за најмалата публика со цел да ги заинтересираме да дојдат во библиотеката и да побараат книга. Преку дисперзирани активности надвор од библиотеката ќе ја направиме книгата подостапна за корисниците“ - изјави Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.
Библиотечниот фонд ќе биде збогатен со нови книги, лектири и слободна литература.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk