Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Христина Алексовска е нова директорка на библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.
Таа е дипломиран професор по македонски јазик и книжевност, а досега работела во Основното училиште „Магдалена Антова“ во нас. Карпош.
Директорка од вчера е на новата должност и ќе ја води установата во наредните 4 години. Избрана e на оглас како единствен кандидат за тоа работно место.
Алексовска доаѓа на местото на досегашниот директор Марјан Петковски, кој отиде во Општина Куманово и назначен е за овластен раководител на Секторот за инспекциски надзор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk