Библиотеката во мај ќе набави нови книги

02.05.2014 11:47 | KumanovoNews

 Градската библиотека во мај, по завршувањето на Саемот на книгата во Скопје ќе се поднови со нови наслови.

Библиотеката во мај ќе набави нови книги

- Првата ударна набавка е во мај, веднаш по Саемот на книгата. Знаете дека на саемот на книгата излегуваат многу нови наслови, странска, македонска и секаков вид литература. По саемот правиме избор на литература и ги набавуваме книгите. До крајот на мај ќе имаме многу нови наслови и книги во фондот на библиотеката и корисниците ќе можат да ги зајмуваат - изјави Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

Таа објасни дека два пати годишно купуваат белетристика и стручна литература, а еднаш годишно купуваат лектири.

На последната седница, советниците го изгласаа финансискиот и извештајот за работа на библиотеката во 2013 година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk