Библиотеката запишува нови членови

02.09.2010 13:31 | KumanovoNews

 Со почетокот на учебата година, библиотеката „Тане Георгиевски„ започнува со уписи на нови членови и обновување на членоството на постоечките читатели. Библиотечниот фонд е збогатен со 2000 нови книги и од вкупниот фонд со 14.000 книги.

Библиотеката запишува нови членови

 Задоволни сме од одзивот на читателите, бидејќи за само два дена имаме  50 нови читетели, но ги очекуваме и останатите да дојдат пред се учениците од основните и средните училишта. Нашата библиотека располага со сите потребни лектири и стручна литература, а може да се најдат и квалитетни книги од областа на белетристиката. Што се однесува до првачињата нив ги очекуваме кон крајот на првото полугодие кога симболично им даваме по една сликовница бесплатно, за да ги воведеме во храмот на книгата и знаењето-вели директорката на библиотеката Нада Ивановска.

Членарината на оддлеот за возрасни изнесува 200 денари , а за учениците и студентите 150 денари. Библиотекта располага со уредена читална за нејзините корисници и интернет просторија кој се наплаќа по симболична сума од 20 денари за час.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk