Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градската библиотека “Тане Георгиевски“ започна со одбележување на јубилејот 70 години постоење.
За таа цел библиотеката распиша литературен конкурс на тема “Настан за книга“ и ликовен конкурс на тема “Ќе насликам настан“. Утре во детскиот оддел во 10 часот ќе има работилница за деца со авторот Ксенија Маказлијева Трајчева.
За 70 годишниот јубилеј подготвивме пообемна програма, со повеќе промоции, настапи на поети, разни активности и натпревари. Главната свеченост ќе биде на 20 октомври во Центарот за култура, каде ќе биде промовирано печатено издание и видео запис преку кој ќе биде претставена библиотеката. Библиотеката започнала со работа во далечната 1945 година со книжевен фонд од околу 1500 книги, и тоа главно биле донации од граѓаните, собирани со кошници во раце буквално од домовите на граѓаните. Растежот се огледува во тоа што денес располагаме со над 195.000 библиотечни единици - изјави Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.
На 13 октомври во 19 часот ќе има промоција на книга од Сеида Бегановиќ, а на 16 октомври во 12 часот ќе биде промовирана книга за деца од Стојан Тарапуза. Свечена седница по повод јубилејот ќе има на 20 октомври во 12 часот во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“. Истиот ден градот ќе го посети и поетски караван на ДПМ. На 22 октомври е натпреварот Млади библиотекари, а на 27 октомври во 12 часот ќе има промоција на книга од Божин Павловски. Истиот ден во “Наим Фрашери“ ќе има и час со писателот Нехат Јахиу. На 29 октомври во 19 часот во библиотеката промоција ќе има Луан Старова.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk