Бидете хумани, да и помогнеме на Ивана

18.06.2014 08:31 | KumanovoNews

Ивана Величковска (23) од Куманово боледува од тешка болест.

Бидете хумани, да и помогнеме на Ивана

 Таа подолг период се бори со леукемија и се наоѓа во многу лоша здравствена состојба. Поради тоа мора под итно да замине на лекување во странство за што и се потребни 150.000 евра. Трансплантацијата на коскена срж треба да се изврши во германскиот град Фленсбург.

Нејзиното семејство не е во можност само да ги обезбеди парите, па затоа се молат сите граѓани доколку се во можност да донираат на жиро сметката 530500014791778 во Охридска банка.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk