Биенална изложба на дела од ликовната колонија „Куманово“

30.05.2018 07:20 | KumanovoNews

Во Уметничката галерија Куманово вечерва ќе биде отворена биеналната изложба на слики и скулптури од ликовната колонија „Куманово“.

Биенална изложба на дела од ликовната колонија „Куманово“

Пред публиката ќе се изложат делата од ликовните колонии од 2016 и 2017 година.

„Бидејќи вечерашнава манифестација има биенален карактер, изложбата ги подразбира резултатите од последните две сесии на кои учество зедоа 27 ликовни автори од Македонија и светот и оставија повеќе од 50 дела. Како домаќини, во прекрасниот амбиент на с. Пелинце имавме гости од Франција, Романија, Србија Бугарија, Турција и секако од Македонија, кои се веќе потврдени и афирмирани автори во ликовната јавност и чии што дела ќе ја збогатат и оплеменат збирката на ликовни дела која веќе ја надминува бројката од 800 дела од слики и скулптури“, - изјави Драгана Спасовска од Кумановскиот музеј.

Изложбата ќе ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски.

Ликовната колонија Куманово ја организира НУ Музеј – Куманово и Општина Куманово, а се одржува во  Меморијалниот комплекс на АСНОМ. Колонијата се одржува веќе петта деценија, почнувајќи од 1974 година, и се вбројува во редот на најстарите колонии во Македонија.

Отворањето е закажано во 19.30 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk