Бик влегол на Автобуската станица во Куманово

27.01.2015 11:55 | KumanovoNews

 Разбеснет бик денеска напладне влегол на Автобуската станица во Куманово.

Бик влегол на Автобуската станица во Куманово

Животното, дотрчало од улицата кај Градскиот парк и влегло на пероните, каде што се паркираат автобусите за меѓуградските и градски линии. Според очевидци, тогаш настанала вистинска драма, животното се исплашило и почнало неконтролирано да трча и скока кон луѓето.  Испаничени патници и вработените бегале на сите страни за да се спасат од разбеснетото говедо. Не  можеле да го скротат ни сопствениците, кои безуспешно трчале по него. Драмата траела околу 15 минути, по што бикот си заминал од кај што и дошол, кон Градскиот парк. Во меѓувреме стигнала и полицијата, која ќе го испита случајот.

Од СВР Куманово велат дека бикот не повредил никого, ниту пак предизвикал штета, откако побегнал од штала на сопственикот на улицата „Никола Вапцаров„.

За еден месец ова е втор пат исплашено животно да напаѓа луѓе, пред Нова година на бензинската пумпа Лукоил на автопатот Куманово- Скопје, бик направи хаос кога влезе во маркетот на пумпата. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk