Биља Крстиќ и „Бистрик“ утре ќе одржат вокална работилница во Занаетчискиот дом во Куманово

06.03.2024 13:23 | Сузана Николиќ

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре концерт ќе одржи Биља Крстиќ и групата „Бистрик“. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на Српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово.

Биља Крстиќ и „Бистрик“ утре ќе одржат вокална работилница во Занаетчискиот дом во Куманово

Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ веќе 12 години успешно работи со млади талентирани пејачи. 

„ Негуваме музика, традиција, добра атмосфера, дружење, емпатија и тимска работа со младите пејачи. Нашата работилница нуди богата концертна активност, гостувања на престижни натпревари и фестивали, учество во телевизиски емисии, музички спотови и е препознатлива по стилот, прецизната интерпретација како и специјално креираните костуми“, кажа Биља Крстиќ.

Биља Крстиќ е музички педагог и долгогодишен вокален солист на оркестарот „Бистрик“, долги години беше уредник во Радио Белград, а на музичката сцена е од 70-тите години на 20 век, најпрвин во бендовите „Сунцокрет“ и „Рани мраз“, а подоцна и како некој кој успешно гради соло кариера. Многупати е наградувана за нејзината работа, а во биографијата на Биља Крстиќ е и музиката што ја компонираше за филмот „Зона Замфирова.

Почетокот на концертот е во 19 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk