Биљана Ивановска e нова директорка на Општа болница Куманово

21.09.2023 14:14 | Оливера Пешевска

Биљана Ивановска е избрана за нова директорка на Општа болница Куманово и на почетокот на неделата стапила на функцијата.

Биљана Ивановска e нова директорка на Општа болница Куманово

Ивановска е дипломиран психолог и во болницата работи од 2015 година, вели дека добро е запознаена со организационата поставеност, потребите и недостатоците на ова здравствена установа.

„ Мое мото е „ред, работа и дисциплина“. Првин сакам да се воспостави нормална и достоинствена комуникација на релацијата персонал - пациент. Би сакала да создадам здравствена институција каде секој пациент ќе биде услужен, упатен и третиран пристојно и како што доликува на секој човек кој маката го довела кај нас“, изјави директорката Ивановска.

Таа вели дека е отворена за соработка со невладините домашни и странски организации, заради обезбедување на донации со кои ќе се модернизира кумановската болница, но ветува и особена поддршка на сите вработени кои ќе напредуваат, учат и ќе се вложуваат во иновативни методи на лекување.

Ивановска доаѓа на местото на Снежана Захариева, на која и заврши мандатот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk