Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Новоизбраниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, е роден на 8 ноември 1967 година во Куманово.
Тој е дипломиран земјоделски инженер, а дипломата ја стекнал на Земјоделскиот факултет во Скопје.
Од март 2019 година Димковски е раководител на Сектор за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од јуни 2017 до изборот за раководител на овој Сектор бил шеф на кабинет на досегашниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Додека ја извршувал функцијата раководител на Секторот за рурален развој, учествувал во подготвување годишни програми, планирање и нивно спроведување.
Целиот свој професионален век тој работи на позиции поврзани со земјоделството. Претходно бил и посебен советник на Николовски, кога тој беше дополнителен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада пред парламентарните избори.
Димковски ја извршувал и функцијата Извршен директор во Федерацијата на Фармери во Република Македонија, координатор на проект за поддршка на земјоделски здруженија, SAFARM2, како и менаџер на здружение на земјоделски производители-Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk