Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Петнаесетина бизнисмени од североисточниот регион денеска се обучуваа за продажба и извоз.
Обуката за мали и микро претпријатија е во рамки на проект кој го реализира УСАИД , а истиот е поддржан од Швајцарската амбасада и Швајцарска агенција за развој и го имплементира Центарот за развој на менаџери и претприемачи во Македонија.
Целта на овој собир денеска е да се озвоможат алатки за развој на малите и мирко претпријатија , преку вештините на сопствениците. Да се подготват претприемачите да ги водат фирмите во развој, преку развој на сопствените вештини. Поканети се сопственици, менаџери на мали и микро претпријатија кои што сакаат да растат без разлика на индустријата, профитот. Секој кој е заинтересиран да направи нешто со својата компанија, да стекне знаења и искуство, слободно може да се приклучи, да стане член на проектот - изјави Елена Ангеловска, координатор за североисточниот регион за проектот на УСАИД за мали и микро претпријатија.
Предавањата ги држат искусни менаџери и сопственици на фирми кои ќе ги споделат искуствата со колегите.
Учесниците велат дека овие обуки се многу корисни за нив. Лиле Петрушевска од Лидер Б од Куманово, компанија која се занимава со хтз опрема и трговија со противпожарна опрема кажа дека средбите биле многу ефективни.
Сме научиле многу работи. Јас лично сум многу задоволна од сите средби на кои сум учествувала. Би препорачала на сите мали и средни претпријатија да ни се придружат - кажа Петрушевска.
Во тек е регрутација на компании кои можат да се приклучат во втората група, која ќе следи предавања идниот месец.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk