„Black Friday“ акција во Алфи

24.11.2016 10:30 | KumanovoNews

Алфи Техноцентар се приклучува во акцијата „Black Friday“, најголемиот шопинг ден во светот, каде што во следните три дена ќе понудат до 60% попуст на нивните продукти.

„Black Friday“ акција во Алфи

Последниот петок во месец ноември е познат како црн петок, кога се организираат огромни попусти и целосни распродажби во продавниците низ светот.

Оваа традиција е започната во шеесетите години на минатиот век во САД каде што се остваруваат најголемите продажби по рекордно ниски цени. За таа цел ги повикуваме сите наши клиенти да не ја пропуштаат оваа тридневна акција, и да ги искористите големите попусти во Алфи Техноцентар. Веруваме дека секој клиент ќе биде задоволен. - изјави Филип Серафимовски, генерален директор во Алфи Техноцентар.

Серафимовски додава дека во каталогот се само дел од продуктите кои се со намалени цени, а многу повеќе попусти можат да се најдат на лице место.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk