Black Friday во Алфи Техноцентар

23.11.2017 12:00 | KumanovoNews

Алфи Техноцентар и оваа година ќе биде дел од најголемата шопинг треска во светот наречена Black Friday. Веќе трета година по ред, во наредните три дена целиот асортиман во Алфи ќе биде со специјални попусти и намалени цени од 15 до 55 отсто.

Black Friday во Алфи Техноцентар

„Оваа година направивме специфична понуда до нашите потрошувачи за да се долови еуфоријата која владее во западните земји. Од утре за првите 50 купувачи на телевизор Фуего следува 50% попуст, првите 30 купувачи на канцелариски столици следува 55% попуст, додека 50% попуст следува и за првите 8 купвачи на туш кабини. Сите ЛЕД телевизори на LG и Хитачи се намалени до 25%, белата техника на Самсунг има 20% намалување и сите Вокс производи имаат 15% намаление. Дојдите први во салонот и искористете ги најголемите попусти“ - изјави Филип Серафимовски, директор на Алфи Техноцентар.

Целокупниот асортиман на гарнитури од гарден програмата намален е за 30%, за трпезариски маси и столови следува 25%, рачниот и електричниот алат ќе има стандарден 20% попуст, додека перниците и јорганите се поефтини за 15%. Беко производите имаат и до 23% попуст, а до 30% се намалени Фабиго камините, мебели за бања, туш кабини и целиот асортиман производи за домаќинство.

Акцијата започнува утре а трае до недела, а на последниот ден со секоја сметка над 599 денари следува и гратис оброк.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk