Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Н.К. е осомничена дека проневерила 1.5 милиони денари пари од претпријатието.
Финансиската полиција во ЈП Чистота и зеленило-Куманово открила и документирала финансиски криминал тежок 1,5 милиони денари.
Против Н.К вработено во претпријатијето поднесена е кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Куманово за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.
Пријавенaта како одговорен благајник во ЈП “Чистота и зеленило“, во периодот од ноември 2008 година па заклучно со август 2015 година, со цел да прибави противправна имотна корист за себе, во повеќе наврати присвоила парични средства од благајната во вкупен износ од 1.171.419,00 денари, со што го оштетил буџетот на претпријатието. Воедно пријавениот благајник се товари и дека во периодот од август 2015 година заклучно до јуни 2016 година, во повеќе наврати неовластено се послужил со парични средства доверени во службата од благајната, наплатени од странки по основ на користење на услугите на претпријатето во вкупен износ од 324.255,00 денари.
Од Управата за финансиска полиција извршен е увид во благајничкото работење и сметководствената евиденција на претпријатијето и обезбедени се налози за плаќање и благајнички извештаи со каса-прими за период од ноември 2008 година заклучно со јуни 2016 година. По извршените споредби на издадените налози за плаќање, уплатените парични средства во благајната, како и уплатените парични средства на банкарската сметка на претпријатијето, констатирано е дека пријавениот службеник, во повеќе наврати, ги присвојувал лично за себе наплатените парични средства по основ на извршени услуги од ЈП „Чистота и зеленило„ -Куманово.
Со цел прикривање на кривичното дело, благајничката, присвоените парични средства не ги евидентирала во благајната на претпријатието, а поголем дел од пропратната документација која бил должена согласно описот на работното место да ја изготви, ја уништувала.
Од страна на Управата за финансиска полиција се обезбедени во оригинал дел од парагон-блокчињата со каси прими за период 2008 и 2015 година кои се поврзани со периодите кога се сторени инкриминарните дејствија при што констатирано е дека за дел од уплатите кои пријавениот службеник ги присвојувал за себе, на две или повеќе странките кои уплатувале пари за извршените услуги од претпријатето им издавал исти броеви на каса прими од ист датум при што една или повеќе од издадените каса-прими не ги внесувал во дневникот на благајната.
Финансиската полиција продолжува со истражување и на други сегменти од работењето на ова јавно претпријатие со цел утврдување дали и други вработени кои имале допир со паричните средства уплатени од граѓаните на општина Куманово сториле некое инкриминирано дејствие.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk