Благодарност за сите кои помогнаа на полавените во регионот

27.06.2014 07:55 | KumanovoNews

Хероите на градот се волонтерите од Црвениот Крст. Без нив не знам колку ќе успеевме. Тие пиеја вода од фонтаната, не сакаа да отворат од онаа вода што беше донирана за поплавените-велат организаторите на акцијата.

Благодарност за сите кои помогнаа на полавените во регионот

Групата “Куманово за Србија и БИХ“ синоќа додели благодарници на сите кои донираа за поплавените граѓани од Србија и БИХ.

Во присуство на српската конзулка Лилјана Атанасијевиќ, благодарници беа доделени на поединци, фирми, навивачки групи, здруженија, градоначалникот, политичките партии и други кои на дело ја покажаа својата хуманост.

  - Хероите на овој град се волонтерите од Црвен Крст. Без нив не знам колку ќе успеевме во ова. Тие пиеја вода од фонтана, не сакаа да отворат од онаа вода што беше донирана. Во оваа бела книга се заведени имињата на сите физички лица од Куманово кои донираа, а тоа се 1600 семејства. Еден примерок од оваа бела книга  ќе и дадеме на конзулката. Зборот се заборава, а пишаното стои. Драго ми е што сум и ќе бидам дел од Куманово - рече Зоран Краљевски од групата “Куманово за Србија и БИХ“.

Српската конзулка се заблагодари на сите волонтери, граѓани, луѓе со добра волја кои несебично помогнаа за настраданите во соседството.

  - Се заблагодарувам на донаторите и организаторите. Благодарение на нив се собра ваква импозантна помош која беше доставена до луѓето кои беа загрозени. Таа сигурно отишла во вистинските раце и сигурно многу им помогнала. Јас во нивно име вас многу ви се заблагодарувам - кажа Атанасијевиќ.

При тоа беше кажано дека кумановци во текот на хуманитарната акција собрале над 80 тони помош, а со парични средства помогнаа општината, градоначалникот,  општинската администрација,  вработените во јавните претријатија и советниците.

  - Таа постапка е сеуште во тек. Во моментов има собрано 800.000 денари, се надеваме дека истиот износ ќе го помине износот од 1.000.000 денари и овие средства ќе бидат уплатени на сметките на сите засегнати држави кои беа погодени со оваа катастрофа вклучувајќи ги Република Србија, Босна и Република Хрватска - изјави Максим Димитријевски, претседател на Советот на општина Куманово.

На настанот меѓу другите благодарница доби и редакцијата на Кумановоњус.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk