Благоја Чоревски лауреат на годинешниве Денови на комедија

14.05.2022 14:40 | Сузана Николиќ

Актерот Благоја Чоревски е лауреат на годинашното издание на Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија 2022“ во Куманово.

Благоја Чоревски лауреат на годинешниве Денови на комедија

„Со огромно задоволство соопштуваме дека лауреат на овогодинешниве Денови на комедија 2022 е актерот Благоја Чоревски. Фестивалот Денови на комедија Куманово ја доделува наградата „Васил Иљоски“ на актерот Благоја Чоревски за особен придонес во театарска уметност, посебно во делот на комедиографијата“, соопштуваат од Центарот за култура.

 Наградата ќе биде врачена на денот на отворањето на Фестивалот на 28 септември годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk