Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бледа претпразнична атмосфера владее во Куманово, на само десет дена пред Нова година.
Неколку тезги со честитки, балони и останати новогодишни украси во центарот на градот, се единствени показател дека се ближат празниците.
Продавачите велат дека раздвиженоста е слаба, поради стравот од коронавирус. Повозрасните купуваат честитки за внуците, со надеж дека ќе им ги дадат по завршување на пандемијата.
„Тезгата ни е поставена пред околу една недела. Луѓето се плашат да дојдат и да купат, но интересно е тоа што ако видат дека некој друг купува, тогаш доаѓаат и тие. Се продава се` од новогодишните украси. Повозрасните жени купуваат и честитки и велат дека ако внуцците не си ги видат за празници, дека ќе им ги дадат честитките по поминувањето на коронакризата“, вели еден од продавачите, кој веќе со години има своја тезга на плоштадот, за време на новогодишните денови.
Празничниот концерт, огнометот и новогодишното украсување, оваа године ќе изостане во градот, откако Општината донесе одлука средствата да ги пренамени за набавка на електронски уреди за следење на онлајн настава за учениците.
Дел од граѓаните реагираат дека сепак требаше да се направи минимално украсување како во другите градови, за да децата ја почувствуваат новогодишната атмосфера.
(Ф.М.)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk