Близу 12 илјади корисници на социјална заштита ќе користат здравствени услуги без дополнителна потврда

29.05.2025 07:29 | KumanovoNews

Вкупно 11.943 во државата- корисници на права од социјална заштита можат да користат здравствени услуги, без притоа да мораат да го докажуваат тоа со потврда од Центарот за социјална заштита.

Близу 12 илјади корисници на социјална заштита ќе користат здравствени услуги без дополнителна потврда

Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информираше јавноста за усогласување на системите за социјална со здравствена заштита.

„Досегашните административни бариери се веќе надминати, преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита, односно Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со Фондот за здравствено осигурување и тоа за вкупно 11.943 корисници на права од системот на социјална заштита“, стои во објавата на министерството.

Ова се однесува на корисници, ослободени од партиципација и тоа: осигурени лица со попреченост, според прописите за детска заштита и социјална заштита, корисниците на гарантирана минимална помош, кои се лица неспособни за работа и корисници на вон-семејна заштита, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице кои не се по друга основа здравствено осигурени, корисници на право на социјална сигурност на стари лица и  корисници на право на посебен додаток.

Со ова се унапредуваат правата на сите граѓани во Македонија, со посебен акцент на правата на лица од ранливи категории.

 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk