Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Блокадата на депонијата Краста од вчера напладне е ставена во мирување, информираат од месната заедница во село Пчиња.
Месното население ги пропушта камионите на јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ да носат смет на депонијата, а во четврток на средба во Скопје заедно со градоначалникот Зоран Дамјановски и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски ќе ги разгледуваат нивните барања.
Ние најмалку сакаме да блокираме, да бидеме радикални и од вчера од 12 часот ја тргнавме блокадата, се пропуштаат камионите на “Чистота и зеленило“. Средба ќе имаме во четврток во Скопје и се надеваме дека сè ќе биде во ред, дека ќе најдеме некое решение - вели Дејан Трендевски, претседател на месна заедница во село Пчиња.
Жителите во петокот ја блокираа депонијата, со барање да се реализираат проектите за изградба на канализација и водовод во селото и депонијата да се менаџира подобро, да се огради, да се направи влез од другата страна и слично.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk