Протест на патот Куманово - Свети Николе

16.12.2022 10:25 | KumanovoNews

На регионалниот пат Куманово – Свети Николе утринава од 09:20 часот започнал протест на сточарите од селото Тромеѓа.

Протест на патот Куманово - Свети Николе

Протестот е на влезот на населбата Иго Тричковиќ, во близина на бензинската пумпа. Сточарите бараат од надлежните да не им ги уништуваат свињите кои не се заразени со африканска чума.

Како што соопштува Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во меѓувреме блокадата на патот е отстранета и сообраќајот е нормализиран.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk