Жителите на „Пармакови ниви“ ја блокираа изградбата на патот поради големaта стрмност и небезбедност (видео)

13.09.2023 12:01 | Сузана Николиќ

Жителите на кумановската населба „Пармакови ниви“ денеска ја блокираа изградбата на новиот пат кој е дел од железничкото поврзување на пругата Куманово - Бељаковце, незадоволни од сообраќајното решение низ нивната населба. 

Жителите на „Пармакови ниви“ ја блокираа изградбата на патот поради големaта стрмност и небезбедност  (видео)

Тие протестираа затоа што дел од улицата и надвозникот кои поминуваат над пругата и ја поврзуваат населбата со Куманово се многу стрмни и тесни и ја загрозуваат нивната безбедност.

„Проблемот е што нагибот е многу голем. Нема да можеме да излеземе со автомобилите ни на лето, а не во зима. Дополнително нема тротоар и ограда, каде да се движат пешаците, децата кога одат на  училиште. Најголем проблем е  што свиокот на другата страна од андвозникот е под голем агол и не може да се сврти камион, пожарна“... велат жителите. 
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk